Откриени супер-црви кои јадат пластика

- Advertisement -

Пластиката е направена од евтини и распространети органски полимери, но големата издржливост значи дека тешко се разградуваат. Еден посебен вид на црви имаат голем апетит за полистирен и тоа може да биде решението за рециклирање на пластиката на масовна скала.

Истражувачи од Универзитетот Квинсленд во Австралија открија супер-црви кои јадат стиропор благодарение на бактерискиот ензим во нивниот стомак. Ова откритие дава нов аспект од биодеградацијата на пластиката и може да помогне да се спасиме од загадувањето со пластика.

- Advertisement -

Истражувачите ги хранеле супер-црвите со различна храна во текот на период од три недели. Некои од нив јаделе стиропор, некои трици, а некои биле ставени на диета. Тие откриле дека суоер-црвите што јаделе само стиропор не само што преживеале, туку и ја покачиле тежината. Тоа значи дека црвите добиваат енергија од стиропорот, најверојатно со помош на микробите во стомакот.

Со користење на техниката наречена метагеномика тимот идентификувал неколку кодирани ензими со способност да разложуваат полистирен и стирен. Нивната крајна цел е да создадат ензими кои ќе го деградираат пластичниот отпад преку механичко мелење, а потоа и ензимско биоразградување.

- Advertisement -

(Inceptive Mind)

Сподели!
- Advertisement -