Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) како единствена репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор и оваа година го спроведува националното истражувањето на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА“.
Алатката #конкурентнаПЛАТА нуди низа придобивки за компаниите, која всушност ги собира, обработува и презентира информациите добиени со спроведувањето на валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци. Таа ги следи карактеристиките на локалниот пазар и локалното законодавство, дава ексклузивни информации за специфичните индустрии вклучени во истражувањето, дозволува споредби помеѓу повеќе од 150 работни позиции.
Претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска, истакна дека целта на истражувањето #конкурентнаПЛАТА е да даде релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции, со цел работодавачите да ги оптимизираат и континуирано да ги надградуваат и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата.
ОРМ ги повикува сите заитересирани компании да учествуваат во истражувањето и да се пријават најдоцна до 17.06.2022 година на е-пошта info@orm.org.mk . За повеќе информации компаниите можат да добијат од брошурата на слениов линк: https://bit.ly/396WJwp .
ОРМ преку платформата конкурентнаПЛАТА нуди и консултантски услуги во секоја фаза на истражувањето, а воедно генерира и навремени, едноставни за следење извештаи прилагодени на потребите на компаниите.
Претставувајќи повеќе од 1000 претпријатија со над 72 000 вработени на ниво на целата држава, ОРМ својот фокус го држи на теми од интерес на работодавачите поврзани со образование, инфраструктура, општествена одговорност, безбедност и здравје при работа, трудова и социјална легислатива, оданочување, инвестирање, казнена политика и кредитирање.
Платформата конкурентнаПЛАТА е поддржана од Меѓународната организација на трудот Повеќе информации за Организацијата на работодавачи на Македонија можете да најдете на http://www.orm.org.mk .