Amazon работи на тоа да го стартува своето одамна најавувано, па одлоување доставување со дронови. Компанијата најави дека најпрвин ќе ја лансира услугата со дронови во градот Локефорд, Калифорнија, што ќе се случи подоцна годинава, ако добие зелено светло од Федералната администрација за авијација.
Ако регулаторот даде одобрение, ова ќе биде многу битно достигнување за Amazon, кој веќе една деценија ветува некаква форма на воздушна достава. Компанијата се соочи со доста предизвици, меѓу кои доста срушувања на дронови, наводни проблеми со безбедноста и сл., но денешната најава е доказ дека Amazon е подготвен.
Од компанијата велат дека подоцна годинава жителите на Локефорд ќе бидат првите кои ќе примат достава со Prime од воздух директно во своите дворови. Илјадници производи ќе бодат достапни за достава со дронови, иако од Amazon не откриваат точно кои се тие производи. Логично е да претпоставиме дека ќе има некакво ограничување на тежинат затоа што повеќето дронови не можат да носат повеќе од неколку кг товар.
Од Amazon открија дека исто така развиваат технологија која ќе го подобри избегнувањето пречки во воздух и на копно, а работи и на овозможување дроновите да се движат надвор од BVLOS, што е технички термин за тоа дека дроновите ќе можат да се движат надвор од нромалното видливо поле за пилотите.
(The Verge)
(фото: Flickr)