Со почеток во 16:00 часот оваа сабота, 18.06.2022, ќе се одржи UIUXMKD-Think and create outside the box конференција, во организација на Women in Tech Macedonia. Бидете во тек со најновите трендови за дизајн и корисничкото искуство преку разговорот со 4 професионалци од индустријата. Поради голем интерес, конференцијата ќе биде онлајн. За присуство на конференцијата пожелно е да се регистрирате на линкот.
На конференцијата ќе бидат присутни гости панелисти со долгогодишно дизајнерско искуство во македонски и странски фирми како и стартапи. Гостите панелисти ќе зборуваат на различни теми поврзани со UI/UX дизајнот. Своите професионалните искуства и предизвици ќе ги споделат:
- Нина Геометриова – Продукт Дизајнер во Инстаграм
- Дарко Лековски – Креативен Директор во Витала
- Александар Бојковски – UX Дизајнер во Symphony Solutions и ментор на Семос UX Design Academy
- Ѓорѓи Трпчев – UX Дизајнер во Mak – System и UI Ментор во UX Academy of UX
Огромна благодарност до Europe House Скопје, Impact Foundation, Keitaro, Reconomy и Beer.js Скопје за неизмерната поддршка во реализација на оваа конференција. UIUXMKD- Think and create outside the box е бесплатна конференција и онлајн настан достапен за сите заинтересирани, почетници во дизајн, искусни дизајнери и сите кои се заинтересирани да научат нешто ново. Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.