Нова бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси

- Advertisement -

Развојната банка започна со реализација на бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички наменета за обезбедување на обртни средства и ликвидност на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии.

Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра.

- Advertisement -

Каматната стапка за крајните корисници ќе изнесува 0%.

Заинтересираните компании можат да поднесат барање за користење на средства од бескаматната кредитна линија до 9 (девет) банки учеснички и тоа: Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Силк Роад Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ПроКредит Банка АД Скопје.

- Advertisement -

Максимален износ на поединечен кредит е 60 милиони денари со рок на отплата до 36 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци.

Кредитобарателите во 2022 година треба да имаат минимум 100% зголемени трошоци за енергенси во однос на 2021 година, треба да се во класификација подобра или еднаква на Б,  да немаат кредитна изложеност со исклучок доколку е помала од 10.000 денари.

Сподели!
- Advertisement -