Откриена најголемата бактерија во светот голема колку човечка трепка

- Advertisement -

Би претпоставиле дека ви е потребен микроскоп за да видите бактерија, нели? Не и за Thiomargarita magnifica. Овој џиновски микроорганизам е јасно видлив со голо око и има големина на човечка трепка.

Сега класифицирана како најголемата светска бактеријаThiomargarita magnifica била откриена како живее на потонато, гнило мангровско дрво на Карипските Острови.

- Advertisement -

Сепак нема потреба да стравувате. Овој микроорганизам не е опасен и не може да предизвика никаква болест кај луѓето. Сепак зачудува со неговите пропорции.

„Оваа бактерија е околу 5.000 пати поголема од најголемиот дел бактерии. За да ги ставиме нештата во перспектива, тоа е исто како луѓето да се сретнат со друг човек кој би бил висок колку Монт Еверест“, објаснува Жан-Мари Воланд од Геномскиот институт во Националната лабораторија во Беркили, САД.

- Advertisement -

Долга еден сантиметар, Thiomargarita magnifica сепак не е најголемиот едноклеточен организам на Планетата. Тоа веројатно е тип на водена алга наречена Caulerpa taxifolia која е десет пати поголемаБактеријата сепак дефинитивно е ипресивна кога ќе сфатите дека постојат многу, многу покомплексни форми на живот на Земјата кои бараат одредена доза на зголемување за да бидат набљудувани.

Thiomargarita magnifica првично била идентификувана во 2009 година во Гвадалупе во Малите Антили, но не била детално проучена. Се` досега кога професорката Воланд и нејзините колеги започнале детално да ја студираат оваа бактерија.

- Advertisement -

Едно од најважните откритија бил начинот на кој ќелијата ја организира нејзината внатрешност. Кај бактериите вообичаено нивната ДНК плови слободно во течност или цитоплазма која ги исполнува нивните тела. Thiomargarita magnifica, пак, го чува својот генетски материјал во делови кои научниците ги нарекуваат пепини, од францускиот збор за овошни семиња.

Извор – Радио МОФ

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -