Почнува најамбициозниот период за Applе: еве што планираат

- Advertisement -

Пред Apple е најамбициозниот период за претставување на најновите нови производи во историјата. Од Apple традиционално во септември очекуваат нови модели на телефони и часовници и iPad, но Кук и тимот сега подготвија многу повеќе производи со кои ќе таргетираат различни пазари.

Посебно треба да бидат на штрек тие што размислуваат да купат компјутер од Apple. Според новинарот Марк Гурман, компанијата во септември треба да претстави два модели на компјутери Mac mini, кои ќе имаат процесор M2 и M2 Pro, а можеме да очекуваме и два нови модели на преносни компјутери MacBook Pro со чипови M2 Pro и M2 Max. Исто така, за професионалците подготвуваат и нови верзии на компјутерот Mac Pro, кој ќе го има најмоќниот чип M2. За 2023 година во план е и нова верзија на лаптопот MacBook Air, но со трета генерација чипови од серијата M.

- Advertisement -

Уредот за кој долго се зборува, а кој исто така треба да работи со чип M2, се и очилата за проширена реалност. Нивното претставување, наводно, е планирано за почетокот на идната година. Во план е и нова верзија на паметниот звучник HomePod, како и надградена верзија на Apple TV.

Покрај тоа, Кук и тимот планираат и стандардна надградба на најпопуларните производи. На конференцијата во септември се очекува и новата генерација на iPhone. Големата промена која ја очекуваме кај серијата 14 е што моделот mini веројатно ќе замине во историјата, а ќе го замени iPhone 14 Max. На истата конференција ќе биде претставен и нов модел на паметниот часовник Apple Watch, очекуваме и друга генерација на моделот SE, а можеби и уште еден нов модел.

- Advertisement -

Надградби се подготвуваат и за таблети, па така, очекуваме и нови модели од серијата Air или Pro.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -