ЕУР 25 милиони кредит од ЕБОР и ЕУР 5 милиони ЕУ грант за финансирање на нови фотоволтаични централи кои ќе се градат над експлоатираните рудниците во Осломеј и Битола
· ЕУР 25 милиони кредит на ЕБОР за изградба на две големи фотоволтаични централи
· Затворените експлоатирани рудниците со јаглен ќе го декарбонизираат енергетскиот сектор во Северна Македонија
· Земјата планира да генерира 38 отсто од електричната енергија од обновливите извори на енергија до 2030 година
Македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор. ЕБОР одобри ЕУР 25 милиони на ЕСМ, компанија за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на 30 MW фотоволтаици (ФВ), проект кој се состои од 10 MW фотоволтаици поставени на веќе експлоатираниот рудник за јаглен на Термо-електричната централа Осломеј и 20 MW до Термо-електричната централа Битола. Европската Унија (ЕУ) исто така го поддржува овој развоен проект со ЕУР 5 милиони грант финансиран преку Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ).
Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР изјави : ,,Ова е многу важен проект за транзиција на енергијата во земјата. Истиот е продолжување на нашата претходна работа во поддршката на амбициозните планови за декарбонизација на Северна Македонија, која распиша тендери за соларни ФВ и изградба на првата рамка на искористеност на ФВ во земјата. Овој проект ќе помогне во справување со потребите за енергетска безбедност и одржливост на конкурентен и достапен начин, преку инвестиции кои ќе креираат високо-квалитетни работни места и нови бизнис еко-системи, истовремено намалувајќи го загадувањето на воздухот и емисиите на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина.’’
Новите соларни плантажи се проширување на првата фотоволтаична централа од 10 MW, која е изградена на експлоатиранот рудник за јаглен во Осломеј и се доказ дека ЕСМ и земјата се на пат кон декарбонизација. Откако ќе бидат пуштени во работа, новите капацитети ќе произведуваат скоро 48 GWh електрична енергија на годишно ниво-што е доволно енергија за 10.000 домаќинства за цела година и резултираат во намалување на 44.000 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво. Проектот ќе ги поддржи напорите на ЕСМ за рехабилитација на рудниците кои ги снабдуваа термо-електричните централи со јаглен.
Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија изјави: ,, Гледаме конкретни мерки во материјализација на Зелената агенда за Западен Балкан и реално спроведување на Економскиот и инвестицискиот план. Грантот од Инвестициската Програма за Западен Балкан и кредитот на ЕБОР, ја поддржуваат трансформацијата на Осломеј и Битола во производство на соларна енергија, и се јасен индикатор дека земјата ги превзема вистинските чекори, се придвижува кон зелена енергија, и имплементира општествено праведна транзиција. Оваа инвестиција требаше одамна да се реализира, но доаѓа во вистински момент за Северна Македонија, обезбедувајќи чисто и безбедно снабдување со енергија.”
Земјата, чиј главен град Скопје неодамна беше прогласен за еден од најзагадените градови во Европа, се стреми да има 38% од електричната енергија од обновливи извори на енергија до 2030 година. За време на моменталната енергетска криза, овој проект е еден од првите кои во реално време, се справува со елементите на Праведната транзиција, придвижувајќи се кон користење на чиста енергија и енергетска безбедност, истовремено воведувајќи програми за обновување на обуките и новите вештини, за заштита на живеењето и поддршка на регионалниот развој, како и креирање на нови економски можности.
ЕСМ е јавен капацитет кој генерира електрична енергија, во сопственост на Македонската Влада, кој обезбедува 90% од производството со електрична енергија за домашни потреби, или околу 3,600 GWh од две термо-централи за електрична енергија и 1,250 GWh од осум хидро централи. ЕСМ работи со два комбинирана капацитети за термална и електрична енергија, и ја поседува првата централа за производство на електрична енергија од ветер, која произведува околу 100 GWh на годишно ниво.
Во оваа насока, и во поддршка на декарбонизацијата и задоволување на целите на земјата за обновливи извори на енергија, ЕБОР обезбеди техничка помош во 2020 година, за поддршка на регулаторните и правните аспекти, на воведување на аукции за обновливи извори на енергија на три тендери за обновливи извори на енергија за 162 MW комбиниран капацитет на соларна енергија од фотоволтаици. Ова се првите тендери на Западен Балкан кои се развиени со изложување на цената на електрична енергија на големо, каде една е на јавно земјиште, а друга на приватно земјиште, дедека третата е јавно-приватно партнерство, тендер за 100 MW капацитет од соларни фотоволтаици на поранешнен рудник на ЕСМ во Осломеј.
Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР (СФА) обезбеди ЕУР 75.000 за еколошки и општествени проценки и ЕУР 74.000 за развој на основен нацрт и технички спецификации за капацитетите. ЕБОР ќе ја поддржи ЕСМ со развој на национално акредитирана релевантна пазарна план програма, за дефинирање на повторно ангажирање и зачувување на можностите за значаен дел од локалната работна сила погодена со овие текови, со приближен буџет од ЕУР 200.000, кои ќе бидат финансирани од меѓународни донатори и СФА под Техничката помош од Програмата за родова и економска инклузија.
До денес, ЕБОР има инвестирано над ЕУР 2.2 милијарди во 162 проекти во македонската економија.