Илон Маск потврди дека на 30 септември годинава ќе се одржи второто издание на Tesla AI Day 2, на кое ќе бидат презентирани нови технологии, надградби и производи од полето на вештачката интелигенција.
Иако Маск не откри конкретни детали што ќе биде претставувено, рече дека ќе бидат прикажани многу кул надградби, а настанот ќе го искористат и за привлекување нови таленти кои сакаат да се вработат во неговата компанија.
Една од технологиите кои ќе бидат презентирани ќе биде Full Self-Driving Beta, односно подобрениот систем со вештачка интелигенција за автономно возење, а ќе биде откриен и новиот процесор Dojo AI, кој ќе се најде во срцето на автономните автомобили.
Она што е најинтересно е одговорот на Маск на прашањето дали ќе биде прикажан и хуманоидниот Tesla Bot робот наречен Optimus, за кој веќе се познати некои информации. Маск на тоа рече само „да“.
Основачот и шеф на Teslа своевремено изјави дека прототипот на роботот ќе биде готов до крајот на годината, а сериското производство ќе почне во 2023 година. Optimus треба да биде сетран робот работник, кој ќе може да се користи за вршење бројни функции за кои се потешко се наоѓа работна сила.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)