Властите на префектурата Кангава јужно од Токио одлучија годинава да вработат вештачка интелигенција на својата плажа, која две години беше затворена поради КОВИД-19, за да им помогнат на спасувачите и да спречат евентуално давење.
На лето плажите привлекуваат илјадници посетители кои сакаат да уживаат во морето и во сонцето. За плажите со спасувачи тоа значи многу работа и постојано внимание. Но, што кога на спасувачите во работата ќе им помага вештачка интелигенција?
Во текот на шест месеци научници од Универзитетот Чуо во Токио собирале податоци за морските струи за да можат да направат податочен модел кој ќе користи вештачка интелигенција.
Prema podacima Japan Lifesaving Association (JLA) u samo dvije godine od početka korištenja ovog sustava u Japanu, spriječeno je više od 3300 incidenata povezanih s morskim strujama i udarima vjetra.
Јапонија уште од 2018 година користи вештачка интелигенција за да собира податоци за морските струи и за ветровите. Ако системот, кој се состои од камери и вештачка интелигенција, открие промени во морската струја или силни удари на ветрот, системот испраќа предупредување до паметниот телефон или паметниот часовник на спасувачите на должност, но и до семафорите на плажата. На тој начин спасувачите можат да ги алармираат капачите кои се наоѓаат на опасен дел од плажата и да превенираат какви било проблеми.
Според податоците на Japan Lifesaving Association,за само две години користење на овој систем во Јапонија спречени се повеќе од 3.300 инциденти поврзани со морските струи и ударите на ветрот.
(Mainichi)
(фото: Flickr)