Apple во новата верзија на својот оперативен систем за iPhone, iPad и Mac го претстави Lockdown Mode, односно екстремно заклучување. Како што појаснија, станува збор за нова опција која е наменета, пред се, за корисниците кои често се наоѓаат на удар на хакери или на злонамерни програми и шпионирање.
Lockdown Mode блокира бројни форми на прикриени елементи во пораките, го оневозможува прегледувањето на линковите, исклучува одредени технологии кои се користат при сурфање на интернет, блокира повици во групи, FaceTime повици од непознати луѓе, поврзување на компјутер во моментот која тој е заклучен и оневозможува додавање какви било нови профили на уредот.
Apple се одлучил на овој потег откако тимот Project Zero на Google детално опиша како познатиот софтвер Pegasus може да се искористи за компромитирање на уредите на Apple и на другите технологии кои ги користат тие уреди.
Lockdown Mode, како што велат од Apple, не е за секого, туку станува збор за екстремни мерки наменети за луѓето кои се под напад.
(Dnevnik.hr)
(фото: Trusted Reviews)