Бројот на вработени во индустриските зони надмина 15 илјади

- Advertisement -

Нови 1000 вработувања во зоните само за шест месеци и постигнати договори за инвестиции од 240 милиони евра. До крајот на годината се очекуваат инвестиции над 400 милиони евра кои треба да отворат 5.000 работни места…

Бројот на вработени во зоните надмина 15 илјади, извозот бележи раст од 11,5 проценти, увозот покачување од 4,3 насто покажува анализата на ТИРЗ за економските активности во првата половина од годинава.

- Advertisement -

За шест месеци се постигнати договори вредни 240 милиони евра. Ќе креираат околу 3 илјади работни места, а до крајот на летото се очекуваат уште две нови инвестиции. Се преговара и со американско-тајванска компанија.

Шокови сè уште постојат, но компаниите се справуваат со притисоците на пазарот. Мината година платите во зоните за првпат го надминаа националниот просек. Работна сила има, но не сме далеку од моментот кога реално ќе се соочиме со недостаток, вели, Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ .

- Advertisement -

Деспотовски најави и модернизација на ТИРЗ,  нова методологија за поголема конкурентност, втора фаза од формирање на Зелената зона, изградба на високотехнолошката зона – Скопје 3, пристап до обновливи извори на енергија

Сподели!
- Advertisement -