Facebook тестира опција пет профили за еден корисник

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook ќе овозможи одредени корисници да имаат до пет профили како дел од тестот кој компанијата Meta планира да го спроведе со цел воведување нови начини за охрабрување на корисниците да останат на платформата во време кога имаат се поголема конкуренција.

Во рамките на тестот некои корисници на Facebook ќе имаат можност да креираат до пет профили кои ќе бидат поврзани со оригиналниот профил. Идејата е дополнителните профили да се користат за различни цели – за пријатели, за соработници, за интеракција во групи и инфлуенсери. Корисниците и понатаму ќе имаат еден главен профил, но ќе можат да ги менуваат профилите со неколку кликови.

- Advertisement -

Профилите ќе будат опфатрени со правилата на Facebook, а кршењето на правилата на еден профил ќе влијае на целосниот профил, порачаа од Facebook.

„За да им помогнеме на луѓето да го унапредат своето искуство на основа на интереси и односи, тестираме нови начини за да имаат неколку профили поврзани со еден главен профил на Facebook. Секој што користи Facebook ќе мора да продолжи да ги почитува правилата“ велат од Facebook.

- Advertisement -

Корисниците кои ќе креираат дополнителни профили нема да мора да го користат вистинскиот идентитет за името кое се прикажува се додека алтернативните не ги кршат правилата и не содржат броеви или специјални карактери.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -