Intel ги поскапува чиповите за 20%

- Advertisement -

Според порталот Nikei Asia, Intel почнал да ги информира своите партнери за зголемените цени на процесорите и другите производи во текот на оваа година како резултат на покачените трошоци за производство.

Според тие информации, Intel ќе ги подигне цените на сите свои флегшип процесори, но и на другите чипови, вклучувајќи ги и WiFi чиповите. Иако цените уште не се финализирани, извештајот покажува дека некои процесори ќе поскапат до 20%, а причините се инфлацијата, зголемените цени на материјалите, транспортот и зголемените цени на трудот.

- Advertisement -

Ова зголемување на цените доаѓа во момент кога се очекува уште поголем пад на испораката на хардвер за персонални компјутери, па во вториот квартал од годинава е забележан пад од 13% во однос на истиот период минатата година. Тоа е најголем квартален пад на глобалниот пазар во изминатите 9 години.

Откако пазарот на персонални компјутери во изминатите две години забележа раст поради пандемијата и работата од дома, сега почна да стагнира додека светот се враќа во нромала. За падот на испораките придонесува и војната во Украина, со оглед на тоа дека на рускиот пазар отпаѓаат 5% и 10% од сите испораки на персонални компјутери во регионот на Европа, Средниот Исток и Африка.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -