Гојазноста се поврзува со многу здравствени проблеми – под покачен крвен притисок, дијабетес до рак. И покрај тоа, поради начинот на исхрана и начинот на живот, многумина имаат проблеми со гојазност, па податоците од Велика Британија, на пример, покажуваат дека дури 64% од возрасната популација спаѓа во таа категорија, додека податоците за САД се уште поалармантни.
Како еден од чекорите во борбата против гојазноста и здравствените проблеми кои се јавуваат притоа британски научници предлагаат поставување на предупредувања на алкохолните и засладените пијалаци. Дека таквите предупредувања делуваат со намалена консумација покажа истражувањето кое го направи Универзитетот Кембриџ во кое се тестирале ефектите на стратегијата кај консумацијата на чоколади како Mars, Galaxy, Daily Milk и Snickers.
Резултатите од тоа истражување, во кое учествувале над 1.300 испитаници, кои најмалку еднаш дневно јадат чоколада, покажале дека текстуалните здравствени предупредувања, во кои се предупредува на гојазност, срцеви заболувања и рак, како и фотографии како тие на кутиите со цигари, навистина може да влијаат на одлуката на луѓето за консумацијана чоколади. На некои фотографии на амбалажите на чоколадите има иперации на срце, додека на други фотографии од мртви кучиња. Иако фотографиите со животните немаат врска со консумацијата на слатки, нивниот негативен ефект е доволен за да одбие дел оод луѓето да изедат чоколадата.
Истражувањето покажало и дека за гојазноста влијаел квалитетот, а не количината на консумираната храна. Кога при тестирањето испитаниците избирале меѓу овошје и чоколада во стандардни амбалажи, само 40% се одлучиле за овошје, но кога на амбалажите имало текстуални предупредувања, дури 7 од 10 испитаници се одлучиле за овошје. Во случајот со сликовити предупредувања таа бројка е помала и изнесува 60%.
(Zimo)
(фото: Pixabay)