Соларна бура ја погоди Земјата вчера наутро по локално време, предупредува НАСА според моделот на прогноза кој го примени научникот Тамита Сков, која соларните планеи ги опиша како низа во форма на змија која доаѓа од Сонцето кон Земјата.
Таа прогноза минатата сабота на својот профил на Twitter ја сподели и самата Сков. Главните последици кои би ги имала таа соларна бура во директен контакт со Земјата се прекин на радиските и GPS сигналите. Некои прекини на сигнали може да се случат посебно на ноќната страна на нашата планета, појасни Сков. Другите ефекти се појава на поларна светлина, односно аурора.
Меѓутоа, до попречување во ширењето на радиобрановите може да дојде ако ова зрачење има доволно енергија да ја загрее и да ја изобличи јоносферата, односно делот од земјината атмосфера кој е трајно јонизиран со фотојонизацијата на сончевото зрачење. Со други зборови, во најлошото сценарио масивната соларна бура со овие карактеристики би можела да предизвика прекин на сите наши комуникациски мрежи.
Но, како што оаснува Сков, постои скала за мерење на јачината на тие геомагнетни бури и таа се движи од ниво G1 до G5 за да се анализира интензитетот и ефектите на соларните бури. Магнетната ориентација на оваа бура е тешко да се предвиди. Таа објаснува дека може да се појават услови од ниво или G3 ако магнетото поле на оваа бура е ориентирано кон југ.
Најновите сончеви факели се дел од соларниот циклус кој почна на крајот на 2019 година. соларните бури се прилично често, а најпознатата и најинтезивна бура е т.н. Карингтонова бура од 1859 година, анречена по астрономот Ричард Каринготн, кој посведочил на тој настан.
Секој соларен циклус вообичаено трае околу 11 години. Бројот на сончеви пеги, исто така, ни овозможува да ја квантифицираме сончевата активност во кој било момент.
(As.com)
(Flickr)