Електричните автомобили и камиони конечно стануваат се попопуларни и се очекува иднтие години нивниот број по патиштата се повеќе да се зголемува. Но, кои електрични автомобили се најевтини за просечниот купувач во 2022 и 2023 година?
Chevy Bolt EV
Chevy Bolt е на прво место како најевтин електричен автомобил за 2023 година со цена од 27.590 долари. GM ја намали цената на овој автомобил за да го направи поекономичен од Nissan LEAF.
Nissan LEAF EV
Nissan LEAF сега има многу поелегантен изглед со четири врати и има две батерии со различна голе мина и различен досег. Верзијата со помалата 40-киловатна батерија чини 28.425 долари.
Chevy Bolt EUV
Chevy Bolt EUV е уште еден од моделите на GM чија цена е намалена за 2023 година и сега чини 29.190 долари. Има досег од околу 400 км, што е малку помалку од Bolt EV. Тоа е така затоа што е поголем.
Mazda MX-30
Овој автомобил има скромен досег од околу 160 км. Нема лош изглед и би бил фантастичен автомобил за возење низ град за само еден човек. Цената му е 34.695 долари.
Mini Cooper SE
Mini Cooper SE EV однадвор не се разликува воопшто од бензинецот Mini Cooper, па затоае одлична опција за сите кои сакаат да имаат електричен автомобил, но без необичниот надворешен изглед. Чини 35.075 долари и има досег од околу 180 км.
Hyundai Kona Electric
Yможеби не сакате да инвестирате во електричен автомобил на Hyundai затоа што има премногу голем избор на пазарот, но Hyundai Kona Electric чини 35.295 долари и нуди многу поголем досег од другите автомобили во ист ранг – околу 415 км и има 201 коњски сили.
Hyundai Ioniq 5
Hyundai Ioniq 5 е електричен автомобил кој има спортски изглед и досег од околу 350 км. Подолгата верзија има поголем досег од 490 км, а цените почнуваат од 45.295 долари.
Ford F150 Lightning
Легендарниот пикап F150 на Ford има електрична верзија која ќе биде достапна од 2023 година. Ќе има досег од 370 км и одлични 563 коњски сили. Цените почнуваат од 41.769 долари.
Ford Mustang Mach-E
Ford Mustang Mach-E е елегантен и стилски електричен автомобил кој ќе го собесе целото ваше семејство, а ќе ве чини 44.995 за основната верзија.
Subaru Solterra
По цена од 46.220 долари Subaru Solterra е на крајот на она што се смета за економично и евтино за електричен автомобил. Овој автомобил е практично Toyota BZ4X со логото на Subaru.
(Autoblog)