Мате Римац го шири бизнисот – инвестира во виртуелни градини

- Advertisement -

Директорот на хрватската групација Rimac, Мате Римац, инвестираше во првите виртуелни градини во светот – градините Gruntek, и тоа е неговата прва приватна инвестиција во зелени решенија надвор од автомобилската индустрија.

Како што соопштија од Gruntek, многу бсе задоволни што Римац се придружиле да и помогне на компанијата во остварувањето на нивните големи планови за во иднина, односно излегување на странски пазари.

- Advertisement -

Воедно, ова е и првиот агропроект во кој инвестира Римац.

„На чекор сме од остварување на нашите планови за создавање позелена и поодржлива иднина. Gruntek го поттикнува урбаното население органскиот зеленчук да го набавува директно од производителите, без посредници. Транспарентно, поповолно и без создавање отпад од амбалажите и фрлање вишок храна од малопродажбата, што е неизбежно во трговските синџири. Gruntek нема такви проблеми. Во производството, дистрибуцијата и пакувањето не користиме пластика. Корисниците веќе се навикнати на природниот изглед и вкус на зеленчукот, па не планираат да се враќаат на масовното производство“ пишува на веб страницата на Gruntek.

- Advertisement -

Како што наведуваат, градините од иднината во светот на своите корисници им овозможуваат преку веб апликација директно да садат садници и да управуваат со својата градина, а потоа да уживаат во вистински органски зеленчук, додека во меѓувреме ги следат сите свои активности преку мобилен телефон.

Инвестицијата на Римац, за која не е позната сумата, ќе се искористи за нова фаза од развојот на градините во Хрватска, како и за подготовка за излегување на странски пазари, се вели во соопштението.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Gruntek)

Сподели!
- Advertisement -