Кинеската компанија Baidu го претстави новиот автономен автомобил Apollo RT6. Станува збор за целосно електричен автомобил направен од нула посебно за автономно возење. Цената му е околу 37.000 долари.
Освен тоа што е автономен, посебен е по воланот. Имено, се испорачува сосе волан, но по потреба воланот може да се отстрани. Кога ќе се извади воланот, таму може да се постави играчка конзола или на пример, автомат за продажба на храна или пијалаци.
Аpollo RT6 е направен во склад со трендовите во автомобилската индустрија, која се движи кон електрификација и автономија. Од Baidu велат дека се приближуваме до иднинаво која возењето сео адономни такси ќе чини половина од возењето со класично такси.
Моделот RT6 поддржува четврто ниво на автономија на возење, што значи дека автомобилот може да превезува патници без во него да има возач. Но, освен што за тоа е потребна регулатива, и самите автомобили мора да поддржуваат строги стандарди.
Како што ќе напредува технологијата и како ќе биде се поприфатлива, можеме да очекуваме претставување на нови модели на атономни автомобили, но и нови такси сервиси со автономни возила.
Така, Baidu во Кина веќе стартуваше такси сервис со автономни возила наречен Apollo Go, но во нивните возила сепак мора да се наоѓаат лица спремни да преземат контрола во случај роботот да не реагира. Сервисот е достапен во големите градови како Пекинг, Шангај и Шенжен, но ограничен е само на одредени подрачја.
(AP)
(фото:YouTube)