ЕСМ го преземa парното греење во Скопје!

- Advertisement -

Државната компанија АД ЕСМ ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на БЕГ.

Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми за оваа дејност.

- Advertisement -

АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата, велат од Владата.

Огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија.

- Advertisement -

Фото – Pxfuel

Сподели!
- Advertisement -