САД сега се најголем извозник на течен природен гас во светот

- Advertisement -

САД станаа најголемиот извозник на течен природен гас (LNG) во светот во првата половина од 2022 година, покажуваат податоците на CEDIGAZ. Споредено со втората половина од 2021 година, американскиот извоз на LNG порасанл за 12% во првата половина од годинава и изнесува просечно околу 300 милиони кубни метри дневно.

Цените на течниот природен гас во светот и во САД достигнаа рекордни вредности во последниот квартал од 2021 и во првата половина од 2022 година. Цените во Title Transfer Facility (TTF) во Холандија се рекордни уште од октомври 2021 година. И цените на LNG во Азија исто така се на рекордно ниво во истиот период.

- Advertisement -

Од крајот на минатата година земјите во Европа се повеќе увезуваат течен природен гас за да го компензираат стопираниот увоз на нафта и гас од Русија и да ги дополнат резервите, кои се на историски ниско ниво. Увозот на LNG во Европа и во Велика Британија во првата половина од 2022 година се зголемил за 63%.

(EIA)

- Advertisement -

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -