Денеска итна средба на Владата и Стопанската Комора за енергетската криза

- Advertisement -

Министерот за економија м-р Крешник Бектеши и заменик претседателот на Комората проф. д-р Кочо Анѓушев ќе ги предводат делегациите кои ќе ја разгледаат најновата ситуација со движењето на цените на струјата на HUPEX берзата кои достигнуваат и до 500 евра за мегават час деновиве а кои бараат итна и одлучна реакција на носителите на економската политика.  

На средбата ќе бидат дискутирани барањата и предлозите на МЕА кои во форма на Иницијатива нудат излезните решенија од енергетската криза, конкретно наменети за компаниите, односно за стопанството.

- Advertisement -

МЕА на Седницата одржана овој месец ги донесе следните заклучоци:

  • Да се зголеми домашното производство на електрична енергија користејќи ги сите можни ресурси.
  • Владата да ја врати Уредбата активна во кризната состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата.
  • МЕА бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.
  • Владата да обезбеди гаранции дека во текот на претстојниот зимски период соседните земји нема да ги затворат границите за проток на електрична енергија.
  • Регулаторна комисија за енергетика да припреми правилник за организирање дистрибутивни мрежи.

По средбата, во 12:00 часот изјави за медиумите ќе дадат проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на МЕА, Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на РСМ и Марко Бислимовски претседател на РКЕ

Сподели!
- Advertisement -