Апликација што нуди мапа на која се лоцираат аптеки и здравствени установи и споделува податоци за нив е победничкото решение од тимот на стартап компанијата „Startier“, којшто победи на третиот хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата Метаморфозис.
Во описот за апликацијата „Најди аптека“, која што воедно има и своја веб-верзија, достапна за користење на www.najdiapteka.mk, стои дека корисникот може да користи филтри при пребарување, но и тип на превозно средство што ќе го користи за да стигне до локацијата за и цената на горивото да се пресмета во крајниот износ.
Апликацијата ги дава резултатите од пребарувањето сортирани од најевтини до најскапи. Корисникот може да регистрира профил и да се најави, со што ќе му се овозможи да води листа со омилени продукти. Оваа листа може да се прегледа со клик на копчето „Омилени”.
Веб апликацијата за мапирање на аптеките и споредување на нивните цени поддржува два јазика: македонски и албански.
Хакатонот за отворени податоци беше организиран во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.