Samsung претстави нови монитори за играње видеоигри Odyssey G85NB и G75NB. Како што велат од компанијста, G85NBе првиот 240Hz 4K гејминг монитор во светот, а достапен е во формат од 32 инчи.
Новиот Odyssey Neo G8 е првиот монитор во светот кој комбинира 4К 1000R закривен VA панел со технологијата Quantum Matrix. Има брзина на осветување од 240 Hz и време на реагирање од 1ms (GtG). Како што истакнуваат од Samsung, 4K резолуцијата е поддржана со распон на бои до 95% DCI-P3 распон на бои. Дизајнот е инспириран од култниот Odyssey Neo G9 и нудат кул дизајни со доста опции за играње.
Заедно со AMD FreeSync Premium Pro, рзината на освежување на 4K 240Hz мониторот за игри и ултракраткото време за одзив од 1ms на играчите им овозможува да добијат точност во реалниот свет за максимално да го искористат својот потенцијал и да се натпреваруваат на највисоко ниво во која било гејминг средина.
Neo G8 сто така има и Quantum Mini LED технологија, која овозможува ултрафина и прецизна контрола на густо поставените ЛЕД диоди, па така играчите ги гледаат и темните и светлите сцени како што ги замислуваат. Покрај тоа, Quantum HDR 2000 има размер на статистички контраст од 1 милион наспрема 1.
CoreSync осветлувањето кое се наоѓа на задната страна на мониторот автоматски ги детектира боите на екранот и ги проектира во реалноста за да создаде една длабочина на потонувањето во виртуелниот свет на игрите.
Odyssey Neo G8 е опремен со новата технологија за приказ наречена Matte Display, која дава заштита од одблесок и рефлексија, со што се намалуваат пречките при играњето.
G85NB неодамна доби признание за својата иновативна технологија и беше прогласен за победник во категоријата CES 2022 Best of Innovation gaming, како и за добитник на наградата CES 2022 Innovation Award во категоријата гејминг.
(Zimo)
(фото:Samsung )