Иако уште го нема во продажните салони, електричниот автомобил VW ID. Buzz веќе е распродаден, а најголема побарувачка за него има во Норвешка. već je rasprodan, a najveća je potražnja u Norveškoj. Од Volkswagen уште на почетокот на годинаѕа најавија дека електричната верзија на легендарниот Microbus ќе се најде во продажба во последниот квартал од годинава. Производството почна уште во мај во фабриката во Хановер, а првите модели ќе бидат испорачани до купувачите во октомври.
Иако уште го нема во продажните салони од германската компанија објавија дека првите 10.000 примероци веќе се продадени. Најмногу нарачки пристигнале од земјата каде што има најголема електрификација и каде што електричните возила сега се доминантни во однос на бензинците и дизелашите – Норвешка. Околу 1/3 од резервациите доаѓаат од таа земја (околу 3.400 автомобили), на потоа следува Германија со 2.400 автомобили, па Холандија и Белгија.
Автомобилите не може да се нарачаат на некои од големите европски пазари како што се Франција и Велика Британија, додека Американците ќе мора почекаат уште нецели две години.
До крајот на оваа година се очекува да бидат достапни 15.000 автомобили ID. Buzz, додека следната година од производните ленти треба да излезат 60.000 автомобили. За 2024 година планирано е производство до 130.000 автомобили.
Инаку, овој модел е достапен во верзии за превоз на патници, но и како возило за достава (ID. Buzz и ID. Buzz Cargo) со цени од околу 55.000 евра за верзијата за достава во Германија, односно околу 65.000 за моделот за превоз на пет патници.
(Automotive News Europe)
(фото: Volkswagen)