Airbnb тестира технологија со која сака да спречи организирање забави во изнајмените куќи

- Advertisement -

Сетвисите како Airbnb се совршени за сите љубители на патувања затоа што на едноставен начин го овозможуваат пронаоѓањето и резервацијата на место за сместување. Исто така, со се подоминантниот начин на работа од дома се повеќе луѓе изнајмуваат куќи и станови преку таа платформа како привремен дом или канцеларија.

Но, мал дел од корисниците преку Airbnb бараат простор за сосема друга намена – организирање големи забави. Освен што со таквите забави се привлекува голем број млади луѓе и се создава голема бучава и честопати штета, во неколку наврати таквите забави излегуваат од контрола и завршуваат со убиства.

- Advertisement -

Поради сето тоа компанијата се обидува да стави крај на таквите забави со носење различни правила, иако, се разбира, лукавите организатори на забави често пронаоѓаат начин со кој ги заобиколуваат тие правила.

Еден од тие начини е имплементација на т.н. antiparty технологија. Иницијалното тестирање на технологијата почнало уште на крајот на минатата година о Австралија, а сега се тестира и ширум САД и Канада и ќе биде интересно да се види какви ефекти има. Во Австралија во делот од земјата каде што се тестирала имало намалување на таквите забави за 35%.

- Advertisement -

Технологијата се базира на препознавање на потенцијално ризичните резервации и при букирањето се земаат предвид различни фактори кои би можеле да укажат на тоа дека луѓето не сакаат да го изнајамт просторот за одмор или работа, туку исклучиво да забава. Така, предвид ќе се земаат фактори како историјата на користење на Airbnb, досегашнните рецензии, но и должината на престојот во некоја куќа или стан, како и оддалеченоста на изнајмениот простор од адресата на живеење на корисниците. Исто така, битно ќе биде и времето кога корисникот сака да го изнајми просторот – во текот на работната недела или за викенд.

Ако технологијата смета дека корисникот сака да резервира сместување само за еднодневна забава, нема да може да резервира цела куќа, туку само еднокреветна соба во куќата.

- Advertisement -

(Fast Company)

(фото: Rawpixel)

Сподели!
- Advertisement -