Нова апликација може да го зголеми траењето на батериите на телефоните за 30%

- Advertisement -

На технолошките гиганти наскоро ќе им биде претставен врвен изум на база на вештачка интелигенција со потенцијал за продолжување на траењето на батериите на паметните телефони за до 30% и заштеда на неброени киловати на сметките за енергија.

Таа револуционерна технологија ја развија експерти од Универзитетот во Есекс и е вградена во апликација наречена EOptomizer, која ќе им биде претставена на истражувачки специјалисти и дизајнери, како и на големите производители од типот на Nokiа и Huawei.

- Advertisement -

Предвидено е апликацијата EOptomizer да се користи во целата индустрија и би помогнала за намалување на емисијата на јаглерод диоксид со продолжување на векот на траење на стоката за широка потрошувачка.

Тоа би се постигнало со користење на софтвер за значително зголемување на ефикасноста и издржливоста на батериите во телефоните, таблетите, автомобилите, паметните фрижидери и преносните компјутери, со што ќе се одложи времето кога корисниците ќе мора да купат заменски уреди.

- Advertisement -

Софтверот кој го развија поранешни вработени во Samsung, Microsoft и HCL Technologies користи вештачка интелигенција за оптимизација на перформансите на чипот, создавање топлина и ефикасност. Работата на иновацијата ја предводел д-р Амит Синг од Факултетот за компјутерски науки и електроинженеринг во Есекс.

Ако се има предвид дека ќе има отприлика 50 милијарди уреди до 2025 година и многу повеќе потоа, EOptomizer има голем потенцијал да помогне за постигнување на целта нето нулта емисија за Велика Британија и за целиот свет, вели Синг.

- Advertisement -

(SciTechDaily)

(фото: European Battery Alliance)

Сподели!
- Advertisement -