Од 2035 година нема избор – купувачите во Калифорнија ќе можат да купат само електрични возила

- Advertisement -

Кога во 2035 година ќе се купуваат автомобили во Калифорнија нема да мора да се одлучувате дали сакате бензинец, дизелаш или електрична енергија затоа што веќе нема да имате избор.

Поради итната потреба за борба против климатските промени со намалување на загадувањето на воздухот Калифорнискиот одбор за воздушни ресурси пред неколку дена изгласаа сите нови автомобили и помали камиони во продажба од 2035 година да се со нулта емисија.

- Advertisement -

Тоа го нарекоа голем ден не само за Калифорнија, туку и за целиот свет. Овој потег е историски пресврт во повеќедецениската борба за намалување на загадувањето од моторните возила не само за потрошувачите, туку и за индустријата, економијата и за околината.

Калифорнија ја предводи нацијата во регулацијата на емисијата на гасови од автомобилите откако CARB тргна во борба против токсичниот жолто-кафеав смог кој се надвисна над Лос Анџелес во 1966 година.

- Advertisement -

Големата популација на државата значи дека производителите на автомобили повеќе не моеле да го игнорираат државниот притисок. Kongres je iste godine dao Kaliforniji dopuštenje da postavi vlastita pravila u odnosu na savezni zakon o kvaliteti zraka.

Новата одлука ги присилува производителите на автомобили постапно да ги укинат бензинвите и дизелашите, спортските тереснки возила, моноволумените и камионетите во корист на почисти возила кои работат на батерии или на водород. Ако производсителите не успеат да го направат тоа, може да им се наплаќаат до 20.000 долари казна по автомобил.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -