EУ го зголемува производството на струја од ветер на Балтикот

- Advertisement -

Енергетската криза редизвикана од војната во Украина доведе до реакција на земјите од Европската Унија. Во напорите да ја намалу зависк=носта од руските фосилни горива, осум членки на ЕУ се договорија дека до 2030 година за седум пати ќе го зголемат капацитетот за производство на електрична енергија добиена од ветер во Балтичкото море.

Капацитетот на ветротурбините на Балтичкото море во моментов изнесува 2,8 гигавати а речиси сите постројки се наоѓаат во данските и германските води, пренесува Ројтерс.

- Advertisement -

Инаку, Русија во средата го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа, интензивирајќи ја економската војна меѓу Москва и Брисел и зголемувајќи ги изгледите за рецесија и енергетска рационализација во некои од најбогатите европски земји.

Протокот падна на нула во Северен тек 1, кој се упатува кон Германија преку Балтичкото Море, покажуваат податоците од влезната точка на Северен тек во германската гасоводна мрежа.

- Advertisement -

„Нема да има гас за Германија до раните утрински часови во сабота“, објави руски „Газпром“.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -