Toyota инвестира 5,3 милијарди долари во производство на батерии

- Advertisement -

Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motor вчера објав дека ќе инвестира 5,27 милијарди долари во производство на батерии за електрични возила во Јапонија и во САД.

Фабриките на Toyotа во Јапонија и компанијата Prime Planet Energy & Solutions, која заедно е основана со Panasonic Holdings, ќе добијат околу 29 милиони долари, а Toyota Battery Manufacturing во САД ќе добие околу 2,3 милијарди долари.

- Advertisement -

Целта на инвестициите е да се овозможи Toyotа флексибилно да ги задоволува потребите на клиентите во сите земји и региони со понуда на разни погонски системи и што поширока лепеза на опции, се вели во соопштението.

Производителите на автомобили ширум светот трошат милијарди долари за да се засили производството на батерии и електрични возила поради построгите прописи за заштита на околината.

- Advertisement -

Toyota минатата година најави дека ќе инвестира околу 29 милијарди долари во електрификацијата на своите модели до 2030 година, а половина од таа сума оланираат да го насочат во производство на електрични возила. И покрај тоа, се проценува дека до 2030 година електричните возила ќе заземаат само 1/3 од нивната сегашна продажба.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -