Како британските маркети им помагаат на вработените да се борат со поскапен, ите цени?

- Advertisement -

Познати британски маркети се досетија како можат да им помогнат на вработемите да се носат со нјголемата инфлација досега. Синџирите продавници и маркети John Lewis и Waitrose на својот персонал ќе му понудат бесплатна храна од октомври до јануари за да им помогнат со трошоците за живот.

Оброците во текот на работниот ден се за постојано вработените, познати како партнери, како и за привремените и работниците преку агенција. Ендрју Марфи, главен оперативен директор на компанијата John Lewis, изјави дека нивните работници прават голема разлика.

- Advertisement -

Се повисоките трошоци за храната ја турнаа инфлацијата во Велика Британија на 10,1%, а цените продолжија да растат со најбрза стапка во последните 40 години. Храната и безалкохолните пијалаци најмногу придонесоа за растот на цените во јули. Најбрзо поскапеа лебот, житарките, млекото, сирењето и јајцата, а поскапеа и зеленчукот, месото и чоколадото.

Трошоците за храна го потиснуваат растот на цените на нов максимум од 40 години. Од John Lewis изјавија дека тие вработени што работат во смени од 4 часа можат да избираат еден оброк, во зависност од периодот од денот. Тие што работат осумчасовна смена можат да бираат два оброци. Храната ќе биде доставувана на различни начини, во зависност од работното место.

- Advertisement -

Вработените во големите продавници, централите и дистрибутивните центри ќе јадат во менза, додека возачите на камиони на поголемо растојание ќе нарачуваат пакети со храна однапред. Оние што работат во помали продавници ќе го добијат она што веќе го има на понуда таму : салати или сендвичи.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Geograph)

Сподели!
- Advertisement -