СН финансии е финтек комапнија позната по своето сериозно разбирање на општествената одговорност и како повик и како мисија, но оваа компанија препознатлива е и по целното користење на спортското спонзорство низ годините селектирајќи и тимски и индивидуални спортови кои прават разлика и по резултати и по афирмирање на спортот низ голема група на луѓе.
Кога сме кај втората група, кај големите настани кои привлекуваат илјадници спортисти и публика, веќе четврта година оваа комапнија е еден од големите спонзори на првата градска трка ТРЧАЈ БЕ, која од нејзините почетоци пред точно четири години, до денес инспирира илјадници луѓе да започнат да трчаат.
Овој масовен настан и визибилност а на оваа комапнија на истиот не поттикна да направиме интервју на тема зошто е важно спонзорирањето на спортот, со Никола Јошевски, генерален директор на првото финансиско друштво формирано од домашен капитал, СН финансии.
Новинар – Љубица Ангелкова
Фото – Саше Богоевски
Зошто е важен спортот и спонзорирањето на истиот?
Спортот е одлична платформа за јакнење на брендот. Со добри резултати, македонскиот спорт може да биде еден од најдобрите производи кои држвата го има, има тимови кои ве носат во Европа, има спортисти во индивидуални спортови кои ве носат во светот, а има и настани на кои градите имиџ на комапнија која е тука за поддршка, зошто препознава добри настани. Иако комапниите не зборуваат за тоа колку вложуваат во спортот, а маркетиншкиот ефект е изразито видлив.
Тука ќе ги споменам РК Еурофарм Пелистер, Кугларскиот клуб Битола 1982, поддршката на планинарката Ана Котевска која освојува планински врвови дома и по светот, ги поддржуваме бајкерите од Extreme Bike Team клубот, имаме и свој спортски амбасадор од неодамна, тој е еден од најдобрите мото-крос возачи во историјата, Христијан Илиоски, кој се врати на натпреварувањата по тригодишна пауза, благодарение на нашата поддршка. Неговиот камбек, ја стави Маке3донија повторно на врвот на големите балкански и европски натпревари, потврдувајќи дека брзината и мото-кросот му се крвта.
Стоиме и како еден од најголемите спонзори на најмасовниот спортски настан во Битола ТРЧАЈ БЕ трката.
Ние сме секогаш со победниците и во она што го правиме како футуризам во финансиите, поставувајќи нови трендови во финтекот, а и со победниците на спортските терени.
Колкаво значење има спортот за Вашата комапнија?
Спортско спонзорство, со факти го зголемува моралот на вработените. Има цели студии по ова прашање. Експертите создале индекси на покровителска моќ, преку кои се следат спонзорските цели како што е продажбата и свеста за брендот. Исто така, вработените сакаат да припаѓаат на компании кои почитуваат спорт, помагаат спорт, но и поттикнуваат спортски дух во тимската работа.
Овде дефинитивно сакам да потенцирам дека многу е важно да имате тим во компанијата кој спортски размислува. Таквиот тим ја носи компанијата во победа.
Еве неколку примери:
Кога ќе си кажете себеси, уморен сум, а всушност продолжувате да трчате и тренирате. Тогаш победувате.
Кога наутро се будите и би останале подолго в кревет, но одлучувате да ја направите утринската спортска рутина. И тогаш победувате.
Упорноста, доследноста и дисциплината се пат по кој се остварува секоја цел, на спортски терен, во компанијата која ја водите, во животот. Мозокот е како и секој друг мускул во телото, редовен тренинг и со ментална работа води до врвни резултати.
Вие сте активен човек и го сакате спортот. Како балансирате со времето заради бројните деловни обврски?
Времето е единствениот ресурс кој никогаш го немаме доволно, а постојано се троши. Можеби ќе звучи како клише, но со добра организација и поставување на приоритети, може да се постигне сé.
Клучниот трик е во тоа да се биде флексибилен.
Ми се чини дека многумина се држат до однапред дефинирани распореди, често во нереални временски рамки и тогаш кога ќе разберат дека она што го планирале е неизводливо, се откажуваат. За жал, рекреацијата, односно спортот е првата ставка на која се откажуваат.
И ако се откажеш, еднаш, два пати, три пати…тешко ја враќаш динамиката. Наместо тоа добро е да кажеме ОК, во хаос со слободно време сум, оваа недела имам други приоритети и немам врме за три тренинзи, но еден можам, можам и пешки да ги качувам скалите, можам и кратка некоја прошетка за компензација…сето тоа се важи.
Дајте ни совет, како да се баланисира приватното и службеното?
Во животот сé е баланс.
За да може да остварувате најдобри резултати мора да знаете и кога е време за одмор. Тука менаџерите имаат важна улога, затоа што она што вашиот вработен одлучи да го направи со таа рамнотежа, не е изводливо доколку ја нема поддршката од компанијата.
Нашата комапнија е позната и по своите специјално проектирани деловни простории, неодамна влеговме во нова зграда, каде што прилично голема квадратура е специјално дизајнирана за спорт и рекреација на нашите вработени. Имаме свој базен и спа центар, имаме и фитнес центар, маси за пинг понг и фудбал на маса. Тие можат да најдат време во своето работно време и малку да се исклучат од обврските.
Таа ми беше една од основните вредности кои сакав да ги имплементирам во СН финансии, создавање на деловно опкружување кое го почитува и приватниот живот на вработениот, но и мисли на неговото здравје и рекреација додека е на своето работно место. И моето семејство е вклучено во спортски активности и тоа многу ми значи.
Така добиваат двете страни, моите вработени имаат доволно време за нивните семејства, пријатели и уживаат во активностите кои ги прават среќни, а на работа доаѓаат мотивирани, бидејќи ова е средина која поттикнува и успех и добросостојба на својот тим.