Македонската CazyLabs е меѓу петте најдобри компании во светот за мобилни игри! Имаат над пет милијарди симнувања!

- Advertisement -

CrazyLabs е компанија која што е креира мобилни игри и е меѓу петте најдобри компании за мобилни игри во светски рамки. Канцеларијата во Скопје е формирана пред повеќе од 11 години, а денес брои 130 вработени, како најголема канцеларија на CrazyLabs.

Даниела Мишевска Топуков, сајт менаџер за Македонија, вели дека во земјава постои голем потенцијал во поглед на квалитетот на кадарот за работа во гејминг индустијата. Визијата на CrazyLabs е да остане на врвот како светски лидер и иноватор за мобилни игри и да продолжи да креира нови игри кои ќе постигнат светски рекорди.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Г-ѓа Мишевска -Топуков, на какви проекти работите во CrazyLabs во моментов?

- Advertisement -

CrazyLabs е продукт ориентирана компанија и наш продукт се мобилните игри. Работиме на она за кое што сме специјализирани, а тоа се Hyper Casual и Casual игрите, кои што ги забавуваат нашите 250 милиони активни корисници месечно. Hyper Casual игрите се лесни и брзи за играње, најчесто се бесплатни, направени со едноставни механики кои се повторуваат, имаат кратки сесии и обично се играат со една рака – еден прст. Додека Casual се забавни, малку посложени игри, комбинација на прогресија со разработена богата приказна во заднина.   

Со над пет милијарди симнувања на игрите кои излегуваат од нашата „лабораторија” CrazyLabs, која што е дел од Embracer групацијата, стабилно стоиме на врвот од петте најдобри компании за мобилни игри во светски рамки.

- Advertisement -
Тимот на Crazy Labs во Македонија

Кои се најуспешните проекти на кои сте работеле досега?

Нескромно можам да кажам дека скоро секоја наша игра постигнува голем успеx, но доколку треба да одвојам ќе ги споменам „Phone Case DIY“, „Dessert DIY“, „Acrylic Nails“, „Tie Dye“, „Hair Dye“, „Miraculous Ladybug“, „Super Stylist“…

 Исто така имаме соработка со лиценцирани брендови како што се „Sony“ за „Jumanji“ и „Zag“ за познатата „Ladybug“.

Каде можат да се најдат игрите? Кои се целните групи корисници за вашите игри?

Нашите игри може да се преземат бесплатно од Apple Store и Google Play Store, а во моментов на топ 50 ранг листата имаме седум наши игри. Тоа се „Dessert DIY“, „Phone Case DIY“, „Makeup Kit – Color Mixing“, „Sculpt people“, „Dig Deep“, „The President“ и „Lunch Box Ready“.  Интересен податок што може да го споделам е дека во светот  има повеке од 2,6 милијарди луге што играат мобилни игри.

Како ги проценувате развојот и трендовите во иднина во гејмиг индустријата?

Со оглед на тоа дека живееме во време кога гејминг индустријата супериорно оди напред и секојднeвно отвара нови хоризонти за забава, предвидувањата се дека оваа индустрија до 2025 година ќе генерира повеќе од 260 милијарди долари приход. Пратејќи ги светските трендови, секогаш внимаваме да бидеме во тек со сите новитети и да ги исполниме очекувањата на нашите постоечки и потенцијални корисници.

Каде е местото на Македонија и компаниите од земјава на светскиот пазар? Имаме ли квалитетен кадар за конкурентност?

Претежно во Македонија, повеќето ИТ компании работат на outsourscing проекти. CrazyLabs е една од ретките ИТ компании кои што работат на свој продукт. Имајќи предвид дека CrazyLabs е единствената голема компанија за креирање мобилни игри во Македонија, морам да напоменам дека ни е многу мило и е од доста исклучителна важност што веќе почнуваат да се отвараат академии за Game Development кои што ќе придонесат за уште поконкурентен кадар. Ние сме мала земја, но со голем потенцијал во споредба со светските компании во поглед на квалитетот на кадарот. За тоа говори фактот што, покрај ИТ позиции, CrazyLabs во Македонија има и многу art и creative позиции како што се графички дизајнер, видео едитор, потоа и економско – аналитички позиции како што се monetization manager, user aquisition manager, game data analyst… Тоа го докажува фактот дека Македонија изобилува со исклучително конкурентен кадар со светски размери од најразлично поле.

Кои се можностите за соработка на компаниите со CrazyLabs во делот за реализација и издавање на игри?

Како една од водечките гејминг компании на светско ниво за креирање и развивање на игри нудиме можност за соработка буквално во сите фази од развивањето на една игра – почнувајки од самата идеја, гејмификација и развој на играта, па се до монетизирање и привлекување на корисниците преку кампањи. Нашето мото е секогаш да сме отворени за нови идеи, па затоа, ги повикувам сите кои имаат идеја за игра, да аплицираат на нашата веб страна. Доколку идејата има потенцијал ќе добијат можност за соработка со CrazyLabs.

Која е улогата на CrazyHubs во развивањето на игри?

CrazyHubs е академија за оние кои имаат предзнаење за Hyper Casual игрите. За време на академијата, преку редовните предавања, учесниците имаат можност да се стекнат со знаење и искуство за целиот процес на развој на игри. Целото време сите учесници се менторирани и работат директно со експертите од CrazyLabs и индустријата. Hubs имаме во неколку држави и тоа во Индија, Турција, Србија и Јужна Африка.

Како компанија која ги следи светските трендови, многу внимание посветувате и на општествената одговорност. Кажете ни нешто за тоа.

Состојбата на животната средина зависи од тоа како луѓето се однесуваат кон природата и природните ресурси, па поради тоа зелените иницијативи несомнено наидуваат на голема поддршка од нашата компанија. Дури 70% од нашите вработени секојдневно доаѓаат на работа со алтернативни средства кои не предизвикуваат загадување. Hа почетокот на летото CrazyLabs подари преку 60 електрични тротинети на своите вработени и го инспирираше својот тим уште повеќе да се грижи за околината и вон работното време.

Исто така, како општествено одговорна компанија многу внимаваме и при употребата на пластика во нашата канцеларија, па започнавме со употреба на исклучиво еколошки чаши за кафе и редуциравме пластика секаде каде што беше возможно.

Кои се конкретно вашите планови за иднина? Во кој правец планирате се развива CrazyLabs?

Со оглед на тоа дека работиме во иновативна, креативна и брзорастечка индустрија ние сме компанија која постојано се адаптира на промени за да постигне подобри резултати. Нашите планови за во иднина се да станеме број еден гејминг компанија во светот и на корисниците на нашите игри да им понудиме што е можно поголема забава.

Сподели!
- Advertisement -