Постојано читање лоши вести води до влошено ментално и физичко здравје

- Advertisement -

Според истражувачите, пандемијата направи луѓето константно да „скролаат“ поради додатното слободно време и постојаните лоши вести. А лоши вести има многу – пандемија, војна во Украина, климатски промени… Но, според ново истражување, константното „скролање“ може да доведе до лошо ментално здравје, но и физички последици, објави „Гардијан“.

Константното скролање е тенденцијата постојано да се читаат лошите вести на интернет, иако вестите се тажни и депресивни, пракса која научниците сметаат дека процветала за време на пандемијата.

- Advertisement -

Според студија објавена во научното списание „Health Communication“, кај 16.5 отсто од 1100 испитаници се појавиле знаци на проблематична количина на прочитани вести, што довело до големи степени на стрес, анксиозност и влошување на здравјето.

Предводникот на истражувањето, професорот Брајан МекЛафлин и истражувач на Универзитетот Тексас Тех, истакнал дека целодневното „скролање“ може да доведе до „постојана состојба на аларм“ кај некои луѓе, правејќи светот да изгледа како „темно и опасно место“.

- Advertisement -

„За овие лица се создава еден магичен круг, каде тие наместо да се исклучат, запаѓаат подлабоко и подлабоко, станувајќи се повеќе опсесивни за нови вести преку кои се надеваат дека ќе ја ублажат својата емотивна состојба“, нагласил МекЛафлин.

Околу 27.3 отсто од испитаниците имале просечно проблематично нивно на читање вести,  27.5 отсто биле минимално погодени, а 28.7 отсто од испитаниците не покажале негативни последици.

- Advertisement -

Оние испитаници кои покажале знаци на проблематично конзумирање на медиумски производи, имале слични однесувања, односно, станале апсорбирани од медиумската содржина, станале преокупирани со мисли за вестите, се обиделе да го намалат стресот читајќи повеќе вести, не можеле да престанат да „скролаат“, а содржината од вестите влијаела и врз нивното секојдневие.

Од оние лица кои покажале сериозни проблеми со нивото на читање вести, 74 отсто пријавиле проблеми со менталното здравје, а 61 отсто од нив пријавиле и влошени физички манифестации.

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -