Бидејќи побарувачката за велосипеди и одржливи начини на транспорт постојано расте, исто така расте и производството на велосипеди. Во 2021 година вкупно биле произведени 13,5 милиони велосипеди во ЕУ. Тоа е раст од 11% во споредба со 2000 година.
Според податоци од Евростат, Португалија предводи во производството на велосипеди со 2,9 милиони велосипеди, а потоа следуваат Романија со 2,5 милиони, Италија со 1,9 милиони, Германија со 1,4 милиони и Полска со 1,2 милиони. Белгија лани произвела 43.000 велосипеди, затоа што Белгијците главно купуваат велосипеди од странство.
Во текот на истата година ЕУ извезла велосипеди, електрични и обични, во вредност од 921 милион евра во земји надвор од ЕУ. Европа се уште увезува повече велосипеди отколку што извезува – годишно просечно се увезуваат велсоипеди во вредност од околу 2 милијарди евра.
Велосипедите извезени од ЕУ најмногу биле купени во Велика Британија – 30% од неелектричните, па следуваат Швајцарија со 21%, САД со 6%, Норвешка и Австралија со по 5%. Што се однесува на електричните велосипеди, пак, ЕУ најмногу извезла во Велика Британија – 38%, Норвешка – 13% и САД – 8%.
Обичните велосипеди кои се увезуваат во Европа најголем дел доаѓаат од Камбоџа- 27%, па следуваат Тајван со 26%, Кина со 10%, Бангладеш со 8% и Турзија со 5%.
Пазарот за електрични велосипеди изминатите години значително порасна затоа што луѓето бараат поодржливи средства за превоз. Минатата година околу 315.800 електрични велосипеди во вредност од 488 милиони евра биле извезени од ЕУ.
Наспрема тоа, биле увезени 1,15 милиони електрични велосипеди во вредност од 849 милиони евра. Бројот на електрични велосипеди извезени од ЕУ во 2021 година пораснал за 15%, додека увозот се зголемил за 3%. 57% од увезведните електрични велосипеди во ЕУ се од Тајван.
Спорес студијата која ја направила аналитичката куќа PwC, глобалниот пазар за велосипеди ќе порасне за дополнителни 50% во наредните 7 години поради се поголемата електрификација на велосипедите, политичките сувенции за урбана мобилност и сменетиот став во однос на транспортот.
(Brussels Times)
(фото: Stockvault.net)