ВИДЕО: Робот во ресторан прави 300 пици на саат

- Advertisement -

Нов ресторан во Џу Џерси, САД, користи роботи за правење на пиците и може да испорача голема нарачка за многу кратко време. Станува збор за ресторанот PizzaHQ, кој својот бизнис го базира на машини. Се наоѓа во Вудленд Парк и користи Picnic систем за правење до 300 пици на саат. Овие роботи се идеални за нарачки кои стигнуваат за организирани забави и слично.

Роботите автоматски го ставаат сосот, кашкавалот и различните состојки на пицата в зависност од нарачката, а ресторанот PizzaHQ инвестирал и во други машини кои го прават тестото, ја печат и ја сечат пицата.

- Advertisement -

- Advertisement -

За помалку од 1 минута една пица е спремна за печење, а печењето трае 7 минути. Во печката може да се печат неколку пици одеднаш, а откако ќе се испечат се префрлаат на машина за сечење, па во кутија.

Во ресторанот и понатаму се потребни луѓе за да ги префрлат пиците од машина во кутија, но употребата на роботи му овозможува на ресторанот да ослободи повеќе вработени за достава.

- Advertisement -

Тие што веќе ги пробале „роботските пици“ велат дека се навистина одлични.

(Bizlife)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -