Nike има одлично решение за сите љубители и колекционери на нивните патики. Тестираат робот за чистење и поправка на стари патики и вдахнување нов живот и сјај на износените модели, кои сопствениците можеби размислуваат и да ги фрлат. Системот за поправка и чистење ќе користи напредна роботика, технолгогија за чистење на база на вода и парчиња полиестер за испуканите делови од патиките.
Процесот е следниот. Прво треба да се постават патиките во машина која ќе направи 3Д модел од нив за да се најдат местата каде што е потречно чистење и поправка. Сопствениците на патиките можат да изберат какви поправки сакаат на патиките. Кога тој процес ќе заврши, вработен во Nike ќе додаде нови врвци и влошки направени од рециклирани материјали и патиките ќе бидат како нови.
Целата постапка трае околу 45 минути, но е ограничена на само неколку модели на патики: Air Force 1, Air Jordan 1, Space Hippie 01 и Nike Dunks, а со тек на време можеме да очекуваме дека бројот на модели на патики компатибилни со роботот ќе се зголеми.
Роботот се вика B.I.L.L. (Bot Initiated Longevity Lab), а во текот на овој месец ќе биде достапен во продавницата на Nike во Лондон, каде што патиките ќе може да се исчистат и да се поправат бесплатно.
Кога ќе заврши тој проект, Nike ќе ги анализира собраните податоци и врз основа на задоволството на корисниците ќе донесе одлука за понатамошно користење на роботот.
(Nike)
(фото: YouTube)