26-годишен инженер дизајнираше технологија за генерирање соларна енергија ноќе

- Advertisement -

Најголемиот предизвик кај соларната енергија е тоа што може да се генерира само во текот на денот. Тоа е една од главните причини зошто многу индивидуалци и индустрии се воздржуваат од инвестирање во соларни панели затоа што не се стабилен извор на енергија.

Сега, 26-годишниот иноватор и претприемач Бен Новак тврди дека развил метод кој ќе овозможи производство на соларна енергија и ноќе.Новак претходно работел во SpaceX и моментално е извршен директор на Tons of Mirrors, а компанијата ја основал со визија да ги замени фосилните горива со поевтина соларна енергија и да биде попристапна.

- Advertisement -

Tons of Mirrors планира да инсталира посебни огледала на Меѓународната вселенска станица кои ќе ја рефлектираат сончевата светлина до соларни панели на Земјата во текот на ноќта.

„Денес соларните панели се дел од индустрија вредна 20 милијарди долари. Она што го градам е поголемо од кој било постоечки пазар. Ако ова е електрично решение и да речеме за 200 години отсега целосно ги замени фосилните горива, тоа ќе биде пазар вреден 17 трилиони долари“ вели Новак.

- Advertisement -

Огледалата кои ќе бидат поставени на Меѓународната вселенска станица ќе функционираат како орбитален соларен рефлектор и ќе ја испраќаат сончевата светлина на Земјата. Новак не е првиот кој го предложил тој концепт. Идејата за орбитален рефлектор најпрвин беше претставена пред американскиот Сенат во 1977 година и во текот на наредните години научници од целиот свет се обидуваат да ја тестираат оваа техника, но ниеден од нив не постигна успех.

Моментално исражувачи од Универзитетот Глазгов работат на технологија за вселенски соларен рефлектор која ќе овозможи големи соларни фарми да произведуваат доволно енергија кога ќе има најголема потрошувачка. Неодамна Кина ги најави своите планови за поставување на три вештачки месечини во вселената. Тие сателити би биле опремени со огледала кои ќе имаат потенцијал да произведуваат доволно светлина за да ги заменат уличните светилки во земјата.

- Advertisement -

Новак првично сакал да ја обиколи Земјата со вакуум цевка полна со сончева светлина која ја рефлектирале џиновски вселенски огледала. Бидејќи тоа не било економично и биле потребни повеќе ресурси и повеќе време, тој ја сменил оригиналната идеја.

Тој објасни дека неговата идеја функционира обратно од телескопот James Webb. Додека телескопот зема светлина од многу мала ѕвезда и ја зголемува, огледалата на Новак ќе функционираат во обратен правец. Но, бидејќи за такво нешто би бил потребен рефлектор со големина од 1,5 км, тешко би можело да се одржува формата на таквото параболично огледало. Затоа наместо тоа, Новак дизајнирал повеќе параболични огледала. Тој верува дека неговиот дизајн е ефикасен, економичен и скалабилен.

Новак моментално собира пари за да може да ги постави огледалата на Меѓуннародната вселенска станица. Исто така, тој планира во иднина да лансира сателити опремени со истата технологија.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -