Виена прва во светот тестира аватар за луѓе со оштетен слух во јавниот превоз

- Advertisement -

Виенската компанија за јавен превоз Wiener Linien прва го светот тестира аватар за луѓе со оштетен слух во апликација за јавен превоз. Апликацијата е развиена во соработка со компанијата Sign Time и е достапна за Android телефони.

Како што соопштија властите од главниот град на Австрија, аватарот за знаковен јазик е наречен Iris, a Wiener Linien бара доброволци кои ќе го тестираат.

- Advertisement -

За глувонемите луѓе да можат да ги добијат сите информации за патување во возилата од јавниот превоз виртуелниот асистент на Wiener Linien, Iris, во иднина ќе преведува битни информации, како што е планирање на рутите за патување.

Речиси 5.000 имиња на станици на Wiener Linien и речиси 30 видови на дефекти до кои доаѓа или на возилата, или на мрежата линии од градскиот превоз се однапред преведени. Во случај на прекин на возењето соодветни информации треба да бидат достапни во живо и автоматски на германски знаковен јазик. Секоја информација ќе биде означена со пар црвени раце.

- Advertisement -

Програмерите на Iris, после тестирањата, кои ќе завршат на крајот на ноември, ќе го интегрираат аватарот во постојната апликација WienMobil, преку која жителите на Виена, но и туристите веќе пет години добиваат информации за возниот ред и прекините во јавниот превоз.

Покрај верзијата за Android телефони, планирана е и верзија за iOS.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -