Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“ 5

- Advertisement -

Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” ќе се одржи следната недела во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје.

Посетителите, како што најави организаторот, ќе имаат можност да видат приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.

- Advertisement -

Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата исто така ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.

Шоурумот ќе биде отворен од 28 септември до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

- Advertisement -

За ова издание стручното жири ги одбра „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

„Лудус“ ќе ја претстави актуелната колекција за есен-зима 2022/23 со наслов „Пост-родовост IV“. Шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во нашето општество.
Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство.

- Advertisement -

„Сензација“ е најновата колекција на Нина Нинеска во која користи композиции од рачно виткана неоксидирачка жица која се преплетува околу бисерот ја претставува сензацијата која е иницирана од убавината. Сензацијата е жицата, а бисерот ја претставува чистата исконска убавина. Бавно и нежно рачно изработениот накит ја поттикнува свесноста и подготвеноста за подобрување на квалитетот на животот.

„Shades of harmony“, со танцувачки рефлексии на светлина и боја, водата стимулира интуиција, чувствителност, имагинација и слобода на движење. Симбол на бесконечниот проток кој се движи низ блокадите на душата и го ослободува внатрешниот мир. Со сета своја моќ се смета за прочистувач на душата. Персонификација на заштита и ранливост, промена и постојаност.

Котев Ксенија креира модерни парчиња накит од рециклирано сребро.

Зад брендот „Мy Precious“ стои Елена Поповска која целосно рачно ги изработува парчињата со што употребата на енергенси е сведена на минимум. Колекцијата „Белези од природата“ е составена од рачно изработен накит од сребро и бакар е инспириран од пеперутките кај нас и во светот. Со реалистичното рачно цртање авторката сака да ја доближи природата до урбаната жена.

„Тога Пула“ е насловот на колецијата на брендот AЯMMA на Амра Исмани. Мултифункционалноста и спонтаноста на елегантната драперија на тогата се главните елементи врз кои е креиран првиот фустан од истоимената колекција, во 2015 година.

Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

Новата колекција „Риби“ на Марта Пејоска се занимава со водата, односно езерото како главен инспиративен момент. Овој пат, покрај брановите, на виделина излегуваат и рибите. Материјалот е сребро, со додаток бисер и природен камен од брегот на езерото. Производите се целосно рачно изработени во студиото на дизајнерката во Охрид, која веќе 15тина години е присутна на македонската дизајн сцена.

Сподели!
- Advertisement -