Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува зелената економија во Северна Македонија со кредит од 23 милиони евра за Шпаркасе банка Македонија (ШБМ) закредитирање на локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП).
Со овој кредит ШБМ ќе ги финансира ММСП, фокусирајќи се на регионалните и руралните претпријатија. 30 отсто од кредитната линија ќе се искористат за инвестиции кои може да им помогнат на малите бизниси во подобрување на нивната енергетска ефикасност, или истите да генерираат и да преминат на обновлива енергија.
ММСП претставуваат повеќе од 90 отсто од сите претпријатија во Северна Македонија, и се клучен двигател не само за економскиот раст, туку и за транзицијата кон зелена енергија. Со овозможување на пристап до финансии, се овозможува транзицијата и растот.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Ни претставува големо задоволство, што заедно со нашиот долгорочен партнер Шпаркасе банка Македонија, можеме да обезбедиме дополнителна поддршка на МСП и да инвестираме во конкурентноста на нивните бизниси, како и мерките кои ќе ја подобрат енергетската ефикасност и ќе ги намалат емисиите на јаглероден диоксид. Зајакнување на секторот на МСП и инвестициите во зелената економија се дел од нашите клучни приоритети во Северна Македонија, а ова ново финансирање ќе ни помогне да ги постигнеме и двете цели.”
Санел Кустурица, Претседател на Управниот одбор на ШБС, истакна: „Денес, Шпаркасе банка АД Скопје уште повеќе го зајакна долгогодишното партнерство со ЕБРД, потпишувајќи договор за долгорочно финансирање во износ од 23 милиони евра. Со оваа кредитна линија, ШБС ќе ја зајакне поддршката на микро, мали и средни претпријатија во финансирањето на одржливи проекти и инвестиции поврзани со обновлива енергија. Остануваме со силна поддршка на македонската економија и заедно со нашите клиенти, посветени сме на надминување и максимално намалување на негативните ефекти од енергетската криза“.
Шпаркасе банка Македонија е универзална комерцијална банка, четврта по големина во Северна Македонија, со 11,4 отсто пазарен удел по основ на вкупните средства. Согласно критериумите на Народна банка на Северна Македонија, ШБМ се смета дека е систематски важна банка на домашниот пазар.
ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во 165 проекти од различни сектори на економијата