Google ќе прикажува видеа на YouTube во висока резолуција само за тие што плаќаат претплата

- Advertisement -

Изгледа дека тимот на Google мнгоу напорно работи на тоа да убведи што повеќе корисници на YouTube да плаќаат претплата. Имено, се повеќе корис ници во поледно време го критикуваат Google затоа што постојано се зголемува бројот на огласи на овој видеосервис кои се прикажуваат за време на видеата.

Поголемиот број огласи значи и повеќе пари за таа компанија, но може да влијае и на зголемување на бројот на корисници на YouTube Premium затоа што многу луѓе кои не сакаат да ги прекинуваат огласи во гледањето видеа ќе се одлучат за месечна претплата.

- Advertisement -

Друг начин со кој сакаат да ги мотивираат корисниците да плаќаат претплата е со прикажување на содржини во 4K резолуција само за корисниците на YouTube a Premium. Иако уште нема официјални информации за тоа, многу корисници по форумите пишуваат дека им се прикажува известување дека ако сакаат некое видео да го гледаат во 4K резолуција, ќе мора да активираат претплата.

Засега ова известување им се прикажува на корисници на мобилни уреди во мобилната апликација за YouTube, а не и на компјутери и на ТВ апликации, така што не е познато дали Google сака да овозможи 4K видеа само со претплата само за паметни телефони или на сите уреди.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека многу корисници денес имаат 4K телеизори и монитори, јасно е дека овој потег на Google, ако навистина го воведат, нема да ги одушеви корисниците.

(Neowin)

Сподели!
- Advertisement -