Научниците ја следат дупката во озонската обвивка со 3Д слики и сега велат дека може да се затвори во текот на наредните 50 години. Тие велат дека ако се постигне масовна глобална соработка, може целосно самата да се залечи до 2070 година.
А еве како може да се случи тоа. Озонската обвивак го штити човештвото од штетното ултравиолетово зрачење на Сонцето, што може да предизвика рак на кожата и слепило. Но, во 1985 година научниците открија огромна дупка во обвивката. Неа ја предизвикали хемикалии познати како CFC, а ги има во аеросолите, фрижидерите и клима уредите.
Во 1987 година глобалните лидери го потпишаа протоколот од Монтреал за да се спречи нивната примена и тие сега се забранети во 197 земји во светот. Оттогаш досега озонската обвивка самата се залечува со стапка од 3% на 10 години.
Од 1980-тите години досега концентрацијата на штетни хемикалии во стратсферата е намалена за 50%, што е значајно достигнување на патот кон целосно излекување на обвивката.
До 2030 година договорот ќе помогне да се спречат 2 милиони случаи на канцер на кожа годишно, а ќе спречи и испуштање на милијарди тони стакленички гасови. Исто така, на човештвото ќе му заштеди и трилиони долари штета која сега се нанесува на рибарството, сточарството и на другите индустрии.
Кога не би постоел протоколот од Монтреал, дупката во озонската обвивка досега би била поголема за 40%.
(World Economic Forum)
(фото: Flickr)