Градовите во целиот свет се пренаселени. Има премногу луѓе, премногу автомобили и недоволно место за сите нив. Пренаселените урбани срредини се вистински лулки на загадување и потребно е повеќе од едно решение за да се отстрани проблемот.
Холандскиот производител на автомобили Squad Mobility ја предвоци промената за позелена иднина со својот нов автомобил Squad Solar City Car.
Возилото е наменето за пренаселените урбани средини каде што луѓето имаат потреба да возат по неколку километри секој ден. Squad Mobility се фокусира на практичноста и одржливоста наместо на перформансите. Според компанијата, нема многу причини зошто да се произведе автомобил кој може да вози до 300 км на час ако ограничувањето на брзината во град е максимум 70 км на час. Тоа што не се фокусираат на поголема моќност и брзина на компанијата и овозможува да скрати на трошоци и да направи што е можно поевтин електричен автомобил.
Squad Solar City Car е компактно возило кое собира двајца до четворица патници, во зависност од моделот. Долг е само 2 метри и има сличен дизајн со популарниот Smart Car. Поради својата големина лесно се паркира секаде каде што не ги собира другите автомобили, но сепак има максимален складиштен простор.
Главнот приоритет на компанијата е да го произведе енергетски најефикасниот електричен автомобил без емисија на гасови. Автомобилот има четири батерии и максимален досег од околу 100 km. Батериите се полнат преку соларниот кров и дневно може да се поминат околу 20 км.
Squad Solar City Car моментално е достапен за преднарачки во и надвор од Европа по цена од 6.250 до 9.300 евра.
(Startup Selfie)
(фото: Squad Mobility)