Ова е најголемата дигитална камера во светот

- Advertisement -

Истражувачите од американската Национална акцелераторска лабораторија SLAC привршуваат со изработката на LSST, најголемата дигитална камера во светот направена за астрономија. Голема е отприлика колку еден мал автомобил и тежи три тони. Камерата има предна леќа широка 1,57 метри и сензор од 3.200 мегапикслеи, кој ќе се лади на -100°C за да се намали шумот.

Кога ќе биде довршена во 2024 година и поставена на врвот на телескопот Simonyi Survey во Чиле, камерата десет години ќе го набљудува јужното ноќно небо, создавајќи мноштво податоци кои научниците ќе ги проучат за подобро да разберат некои од најголемите мистерии на универзумот, вклучувајќи ја и природата на темната енергија и темната материја.

- Advertisement -

Во текот на наредните десет години ќе каталогизираат околу 20 милијарди галаксии во рамките на проектот наречен Legacy Survey of Space and Time (LSST). Десетици терабајти податоци кои камерата LSST ќе ги собира секоја ноќ ќе го унапредат нашето знаење за вселената и ќе им помогнат на истражувачите подобро да разберат како настануваат галаксиите.

LSST камерата работи како и секоја друга дигитална камера, но е многу поголема. Нејзините 189 сензори примаат светлина која извира од објектите како што се ѕвездите и ги претвора во електрични сигнали кои може да се претворат во дигитална слика. Секој сензор е квадрат од страните долги 42 мм и има повеќе пиксели од еден iPhone 13. Вкупно камерата има 3,2 гигапиксели и ќе снима слики со доволно висока резолуција за да може да се видат честички прашина на Месечината. Нејзината најголема леќа, со дијаметар од 1,57 метри, е најголема леќа од тој тип која е кога било направена.

- Advertisement -

Водителот на проектот LSST Camera, Винсент Рајот, вели дека изработката на сензорите на камерите била исклучително скапа и дека каква било неусогласеност лесно може да ги оштети, така што нивното спојување било како паркирање на два автомобили Lamborghini на милиметар еден од друг.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: LSST)

Сподели!
- Advertisement -