Илон Маск ќе продолжи да обезбедува бесплатен интернет за Украина иако губи пари од тоа

- Advertisement -

Откако најбогатиот човек во светот рече дека SpaceX повеќе нема бесплатно да обезбедува Starlink интернет за Украина, се премисли и изјави дека компанијата ќе продолжи да ја дава таа услуга бесплатно. Тој во саботата рече дека неговата компанија ќе продолжи да дава бесплатен сателитски интернет за Украина, иако еден ден претходно рече дека тоа повеќе не може да си го дозволи затоа што губи многу пари.

„По ѓаволите… Иако Starlink и понатаму губи пари и други компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме бесплатно да ја финансираме украинската влада“ напиша Маск на Twitter.

- Advertisement -

Не е јасно дали понудата на Маск е искрена или тоа било сарказам, а од SpaceX нема коментар. Маск во петокот изјави дека не може неограничено да го финансира Starlink во Украина. Таа услуга им помогна на цивилното население да остане онлајн во текот на војната со Русија.

Таа изјава ја даде после медиумскиот извештај дека SpaceX побарал од Пентагон да плати донации на Starlink. Милијардерот се спореше на интернет со украинските власти за мировниот план кој го претстави, а за кој Украина вели дека е премногу великодушен кон Русија.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -