УСАИД ја промовираше стратегијата за партнерство со приватниот сектор

- Advertisement -

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем  организираше конференција за промоција на стратегијата на УСАИД зa партнерство со приватниот секор. Спроведувањето на оваа стратегија, преку подигнување на продуктивноста на компаниите и подготовка на нова работа сила, влијае кон зголемување на нивната конкурентност на домашни и странски пазари. На конференцијата, концептот, спроведувањето на стратегијата и нејзините цели, беа објаснети на учесниците од приватниот, образовниот и јавниот сектор. Воедно, овој настан го одбележа и крајот на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем кој за време на неговото траење (2017-2022), во партнерство со водечки компании од замјоделството, млечната и текстилната индустрија, успешно ја спроведе оваа стратегија во  насока на развој на нивните синџири за добавување, надминувајќи ги очекуваните резултати.  

На конференцијата беа споделени и успешни иницијативи на Проектот во работата со деловните здруженија, стопански комори, финансиски институции, консултанти, тренинг центри и компании кои работеа на развивање на нивните синџири на добавување и олеснување на пристапот до финансии. Проектот помогна на 14 организации за деловна поддршка, подобрувајќи 151 услуга во нивното портфолио со што се зголеми нивното членство за над 100%. Преку втората компонента која работеше на олеснување на пристапот до финансии на ММСП, Проектот помогна на 1384 компании од кои 956 успешно пристапија до над 111,000,000 долари финансиски средства. На крај, преку третата компонента, која воедно ја имплементираше стратегијата на УСАИД за партнерство со приватниот сектор, Проектот соработуваше со 53 водечки компании и 466 крајни корисници. Преку оваа компонента со поддршка од над 1,300,000 долари Проектот поттикна инвестициски циклус од над 13,000,000 долари во македонската економија. 

- Advertisement -

Претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл, во воведното обраќање ја потенцираша важноста за спроведување на оваа стратегија и улогата на приватниот сектор и останатите организации во насока на поттикнување на растот и развојот на економијата. „Приватниот сектор има клучна улога во подобрувањето на животот на луѓето и заедниците. Тој помага во финансискиот развој градејќи домашни пазари кои ги поврзуваат домашните заштеди со можностите за инвестирање. Приватниот сектор го има знаењето, искуството и ресурсите за да се справи со комплексноста на предизвиците со кои се соочува државата. “ 

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој започна во 2017 година, работеше на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП). Проектот работеше со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Исто така, во соработка со финансиски консултанти и институции, Проектот работеше на зголемување на финансирањето достапно за ММСП. Дополнително, Проектот работеше и на разој на синџири на добавување во екосистемот со цел да се подигне конкурентноста на компаниите, влијаејќи директно на растот и оддржливоста на економијата. 

Сподели!
- Advertisement -