При најавата на својот прв целосно електричен автомобил од Rolls-Royce нагласија дека ова е почеток на ново поглавје како за самата компанија, така и за индустријаста на луксузот. Моделот Spectre ги има сите квалитети поради кои овој бренд стана легендарен, а извршниот директор на компанијата, Торстен Милер-Отвос, го нарече овој автомобил најсовршен производ кој Rolls-Royce го има направено досега.
Според официјалната објава, овој автомобил отворил една целосно нова категорија меѓу автомобилите кои ја нарекоа ултралуксузен супер купе. Spectre изобилува со луксуз од самиот атрактивен изглед до неверојатен комфор и посветеност на детали.
Главната цел на компанијата ја објасни Торстен – на своите клиенти да им овозможи најлуксузно и најудобно можно искуство, па затоа перформансите и ефикасноста не им биле во главниот фокус. Перформансите не се уште целосно дефинирани затоа што се вршат некои тестирања, но според прелиминарните податоци, овој автомобил ќе има 577 коњски сили, 900 Nm вртежен момент и досег од 418 км со едно полнење на батеријата. Што се однесува на забрзувањето, ќе достигнува 100 км/ч за само 4,4 секунди.
Масовното производство на Spectre треба да започне идната година, а испораката на првите автомобили до корисниците се очекува во последниот квартал од 2023 година. Цената уште не е објавена, но веројатно ќе се движи од 350.000 до 450.000 долари.
(Arena EV)
(фото: Rolls Royce)