Нова Платформа за регионално деловно поврзување на малите и средни претпријатија на Балканот

- Advertisement -

Нова Платформа за регионално деловно поврзување на малите и средни претпријатија на Балканот и пошироко – (Equity market for SME’s)
Регионалната компанија СЕБ Глобал Груп од Софија, Република Бугарија, на 21.10.2022 година (четврток), со почеток во 11 часот, ќе ја промовира Платформата за регионално деловно поврзување на компаниите, особено малите и средни претпријатија (МСП) од земјите на Балканот и пошироко – Југоисточна Европа (Equity market for SME’s). Промоцијата ќе се одржи во просториите на Научно-технолошкиот парк на градот Ниш, како официјален поддржувач на овој настан и со ова, овој регионален развоен проект се етаблира како прв кој е изработен од страна на бизнис секторот од земјите на иницијативата Отворен Балкан (Северна Македонија, Албанија и Србија, со поддршка на Бугарија како членка на Европската Унија).

Насловот на конференцијата „Дигитална платформа – пазар на капитал (берза) за мали и средни претпријатија – предности и еднакви можности за развој на пазарот” јасно укажува на услугите и активностите кои ќе бидат понудени. Основа на работењето на Платформата е уникатната софтверска (онлајн) компаративна анализа на поединечни финансиски и други деловни показатели на компаниите во однос на просекот од нивната претежна дејност. На овој начин, на малите и средни претпријатија ќе им се овозможи процена на нивната нематеријална вредност, а со тоа и реалната пазарна вредност (на капиталот), како и нивниот деловен рејтинг.

Досега оваа можност во регионот ја имаа само големите компании и А.Д., на актуелните берзи, иако 92% од стопанските субјекти се мали и средни претпријатија (МСП).

- Advertisement -

Иако, станува збор за долгорочен, динамичен и сеопфатен процес, целта на регионалната развојна компанија „SEB Global Group“ е да го прошири опсегот на својата понуда за релативно краток период (од почетокот на 2023 година), со лансирање на т.н. „Активен пазар“ и „Инвестициски центар“, преку кои компанијата ќе ги понуди светски познатите деловни можности, различни современи методи и извори на финансирање, како што се: CROWDFUNDING, CROWDINVESTING, CROWDSOURCING, трансформација на удели во акции, создавање на IPO, како и низа светски познати алатки за успешен бизнис на малите и средните претпријатија, кои сè уште се главно непознати за земјите од Балканот и ЈИЕ.

Воедно, услугите на „Дигиталната Платформа за еднакви пазарни можности“ (Equity market for SME’s), ќе се понудат и во останатите земји од регионот кои се веќе предвидени во рамки на стратешкиот план на СЕБ Глобал групацијата, но и во сите оние земји кои ќе изразат желба да бидат дел од процесот на деловната (бизнис) интеграција на Балканот и пошироко.

Сподели!
- Advertisement -