Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, денеска изрази надеж дека првото намалување на цената на роаминг ќе биде летото 2023 година и додаде дека крајната цел е цените да бидат приближно исти до 2027 година.
Мобилните оператори од Европската унија (ЕУ) и од Западен Балкан, претставниците на Регионалниот совет за соработка (RCC) и Европската комисија денеска разговараа за планот за намалување на цената на роаминг во телефонскиот сообраќај меѓу ЕУ и Западен Балкан, соопшти RCC.
Генералниот секретар на RCC, Мајлинда Брегу на средбата изјави дека, ако се спореди периодот пред и по укинувањето на роамингот во Западен Балкан, забележан е пораст на бројот на корисници на роаминг услуги во регионот за 100 проценти, како и зголемување на сообраќајот на податоци во роаминг до 460 проценти.
„Корисниците на роаминг од Западен Балкан оствариле вкупно 143 милиони минути појдовни повици во 2021 година, или околу двојно повеќе во споредба со 2019 година. Се надевам дека првите намалувања на цените за роаминг ќе ги видиме веќе во летото 2023 година“, рече Брегу.
Како што наведе таа, целта на процесот се директни придобивки за граѓаните од регионот и ЕУ, но и подобрување на деловното опкружување во Западен Балкан.
„Точно е дека намалувањето на цените на роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан е покомплексно од укинувањето на роамингот во регионот, но нашите влади го завршуваат својот дел од работата во овој процес и на тој начин испраќаат многу јасна порака. за важноста што ја придаваат на подобрување на деловното опкружување“, рече Брегу.
Извор – Денар.мк
Фото – Pxhere